Пет лица се сметаат за исчезнати во големата експлозија во Леверкузен
Пет лица сè уште се водат за исчезнати по големата експлозија во индустриски комплекс во Леверкузен, Германија.
Во инцидентот две лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени. Петмина од нив се во сериозна здравствена состојба. Експлозијата одекна при горење отпад во најголемиот ваков центар во земјата, во хемиската компанија Курента, недалеку од Леверкузен.
По експлозијата,противпожарната единица по три часа борба со стихијата успеа да ја спречи опасноста од втора експлозија, изјави за ДПА државен службеник. -Резервоарот содржел 100.000 литри многу запалив, токсичен отпаден материјал, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул, додавајќи дека во „Хемпаркот“ се распоредени 300 пожарникари.
Пожарот е локализиран, но се уште постои опасност од експлозија на втор резервоар.
Според раководството на компанијата Курента, експлозијата се случила вчера претпладне во складиштето за специјален хемиски отпад, каде се собираат и од каде се депонираат отпадни материјали од производството на три фирми. Се запалиле три цистерни со средства за растворање. На противпожарните екипи од фабричките комплекси и пристигнатите пожарникари од Келн и околината им биле потребни повеќе часови за гаснење на огнот. Причината за пожарот засега не е позната, зашто не постоеле услови за почеток на истрагата, која ја презеде Службата за криминалистика во полицијата од Келн, пренесува Дојче веле.
Во 2019 година концернот Бајер и Ланксес му го продадоа својот удел во Курента на инфрастртуктурен и инвестициски фонд на австралиската банка Мекквори. Компанијата управува со таканаречените хемиски паркови во германските градови Леверкузен, Дормаген и Крефелд.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово


