Македонија
1. December 2023 - 12:34

Пет дена потрага по Вања, Спасовски вели прегледани се 50 камери, подруми, цркви и манастири

На петтиот ден од потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска министерот за внатрешни работи вели дека сите капацитети на полицијата се максимално ангажирани, но до овој момент без успех.

Се прегледуваат електронските уреди на девојчето и нејзините блиски, подрумски простории, коритото на реката Вардар, како и цркви и манастири.