Свет
30. May 2016 - 14:40

Песков: Тешко дека посетата на Јункер ќе ги пробие односите со ЕУ

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков смета дека посетата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на Русија, малку веројатно е дека ќе носи пробив на затегнатите односи на Русија со ЕУ.

– Јас веројатно не би бил премногу оптимистичен кога е во прашање потрага за знаци на пробив во секој поединечен чекор. Претседателот Путин повеќепати зборуваше за своето интересирање и интересирањето на Москва за водење и ширење на тој вид дијалог, изјави Песков.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер прифати повик да учествува на Меѓународен економски форум во Санкт Петербург на 16 јуни.

Тоа го соопшти прес службата на Јункер, а според западни медиуми тој потег може да предизвика дебати за кревките односи меѓу ЕУ и Москва.

ЕК во меѓувреме соопшти дека посетата на Јункер не е во расчекор со политиката на санкции на ЕУ спрема Москва се додека договорите од Минск за Украина не бидат во целост применети.