Песков: Русија може да ја стопира испораката на гас и за други европски држави
– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија, по Полска и Бугарија, би можела да ја стопира испораката на гас и за другите европски купувачи ако и тие одбијат да плаќаат во рубљи.
Според Песков, руското барање за плаќање на гасот во рубљи е резултат на западните санкции односно на замрзнувањето на рускиот имот.
– Западот го украде имотот на Русија во непријателска акција без преседан, посочи Песков.
Тој додаде дека одбивањето да се плаќа во рубљи ја одразува желбата на Западот „да ја казни Русија по секоја цена, на штета на сопствените потрошувачи, даночните обврзници и производителите“.
Според Песков стопирањето на доставата на гас на Бугарија и на Полска не претставува уцена.
– Русија и понатаму е сигурен снабдувач со енергенси ресурси и ги почитува договорените обврски, наведе Песков, додавајќи дека барањето за плаќање во рубљи е чисто техничко и оти не се менува цената и другите услови од договорот.
Ново на Сител
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
-

Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко
