Пешевска: Породилното отсуство да трае 12 месеци, да не дозволиме родилките да станат социјални случаи
Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати се обратив на темата колку статистички жените се најпогодени во пандемијава: семејното насилство врз жените е зголемено за 45%, застрашувачки е бројот на отпуштени жени во текстилната индустрија, бројот на жени кои се исклучуваат од социјалниот и општествениот живот со цел да се грижат за семејството кое се бори со пандемијата е голем.
Како Унија во чии центар на постоењето е ЖЕНАТА - нејзиното право на рамноправност и независност, борбата против родово базираното насилство и сексизмот, не можеме да останеме индиферентни на крикот на мајките кои се борат за ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОРОДИЛНОТО ОТСУСТВО во време на пандемија.
Унијата на жени во соработка со Централната комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ, внимателно ги разгледа барањата на мајките и им ја понудивме нашата помош и поддршка за заштита на нивните работнички и човекови права како жени и работнички!
Во оваа прилика ви ги пренесувам во целост нивните основани аргументи и барања:
1. Градинките работат со намален капацитет, нови деца не се примаат поради недостаток на кадар. Низ цела Македонија за упис на нови деца се чека од три месеци до една година.
2. Голем број од мајките немаат никаква друга опција за згрижување на доенчето.
3. Во 2020-тата година во време на најголемиот пик беше донесена пакет мерка за продолжување на платено породилно отсуство. Моментално се соочуваме со пострашни бројки на заболени од 2020-тата година.
4. Во рестриктивните мерки кои се сега на сила - затворени сите објекти каде се групираат граѓаните, не е прифатливо да се оставаат 8/9 месечни доенчиња во градинки дури и ако се најде некое слободно место.
5. Освен негувателките треба да се имунизира и целиот персонал кој се грижи за доенчињата, луѓето кои одржуваат хигиена, луѓето кои се одговорни за припремање на оброците.
6. Во вакви крајно нехумани околности, мајките се принудени да даваат откази, да се откажат од својот професионален ангажман, а не ретко доенчињата се здравстено осигурани токму преку мајките. Што станува со самохраните мајки?
7. Согласно најновите изјави на македонските педијатри, британскиот сој ги напаѓа децата од најрана возраст и остава трајни последици по нивното здравје!
Во името на мајките на доенчињата и на децата од предучилишна возраст, ние од Унијата на жени и Републичката комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ, бараме да се ПРОДОЛЖИ ПЛАТЕНОТО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО, од 9 на 12 месеци, со можност за овие три месеци надоместокот на плата да изнесува 80% од платата на вработената на трошок на Буџетот на Владата на Македонија, односно Фондот. Нашите сознанија говорат дека со овој горлив проблем се соочуваат повеќе од 4.000 жени во државата.
ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ РОДИЛКИТЕ ДА СТАНАТ СОЦИЈАЛНИ СЛУЧАИ!
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети
-
Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра
-
Пред куќата на убиствата во Прилеп полицијата имала престрелка со убиецот