Перформанс на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата
Бандата далтони која што е позади мене составена од Зоран Заев, Никола Димитров, Бујар Османи и Владо Бучковски се луѓето кои што одлучуваат за македонскиот идентитет, за македонската историја, за македонскиот јазик.
Не постои друга земја во светот во која што премиерот на онаков ноншалантен и лаконски начин се откажува од идентитетот и од придавката за која што се бореле илјадници македонци и го дале својот живот.
Зоран Заев беше тој кој што гарантираше дека придавката „македонски“ е загарантирана за македонска влада, македонски јазик, за македонска историја. Вчерашното интервју дознавме дека Зоран Заев таа придавка „македонска“ ја ставил на маса во преговорите со Бугарија.
Оттука заклучуваме дека оној Зоран Заев кој што се колнеше во најмилото, кога се работеше за името на Република Македонија и се откажа од своето најмило стравуваме дека сега ќе се откаже од најсветото за секој еден од нас во Македонија, македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
Оттука тврдиме дека оваа банда далтони која што во моментот одлучува за македонската судбина, за македонската сегашност и македонската иднина немаат мандат и не смеат да одлучуваат за македонската иднина. Притоа кажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ дека оваа банда далтони во идно време ќе ги суди за велепредавство и за сите криминали кои што ги направија на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
