Пензионерите ќе ги добијат пензиите пред празниците, од понеделник почнува етапната исплата
Oд понеделник – 26 април почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
-Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата – а пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во понеделник 26 април, за пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари, исплатата ќе биде во вторник, пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари ќе бидат исплатени во среда, а пензиите над 18.001 денари ќе се исплаќаат во четврток, појаснуваат од МТСП.
![]()
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од понеделник – 26 април. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.
-Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, велат од Министерството и потсетуваат на обврската за носење лична заштитна опрема што ги покрива пределот на носот и устата, како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.
Ново на Сител
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
