Пентагон:Кина се шири по Јужното Кинеско Море, фокусирани се на развој и вооружување
Американското Министерство за одбрана соопшти дека Кина направила 3.200 хектари територија на острови во Јужното Кинеско Море.
Во извештај на Пантагон се вели дека властите во Пекинг се фокусирале на развој и вооружување на вештачки острови за да остварат поголема контрола во морски регион без оружен судир.
Тие тврдат дека на островите Спарти сега има преку три илјади километри патишта и неколку големи пристаништа во фази на изградба, но и канали и друга инфраструктура.
На островите се изградени и обејкти како што се радарски кули, бункери, хелиодроми и пристаништа, се вели во извештај.
Пентагон тврди дека брзото градење на островите не и дава на Кина нови територијални права, но новата опрема, оружје и надзор може на Кина да и овозможат долгорочно да зголеми присутност во Јужното Кинеско Море.
Кинеските власти наведуваат дека спорните територии се под команда на Пекинг и новите згради и инфраструктура се за јавна употреба и поддршка на рибарите. Пекинг ги обвинува Филипини и Виетнам дека извршуваат градежни работи на други острови.
Ново на Сител
-
Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи
-
Град Скопје: Немаме надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари
-
Со над 20 тони вода дејствувано врз пожар во Кичевско
-
Загина 30 годишна Македонка во сообраќајна несреќа Солун, повредени уште три лица | ВИДЕО
-
Цистерна се извртела на автопатот Градско - Велес, сообраќајот пренасочен по стариот пат
-
Жител на Општина Студеничани му се заканувал на својот сосед со гасен пиштол и стрелал во воздух
-
Без струја Тирана и повеќе други градови во Албанија
-
Борел: Европа не е целосна без Западен Балкан