Пентагон: Кина ќе го врати заробениот подводен дрон
Американското министерство за одбрана соопшти дека Кина ќе им го врати на САД подводниот дрон, што кинеската воена морнарица го зароби во меѓународните води на Јужно Кинеско Море.
Кина претходно, потврди дека во четвртокот, го заробила дронот, но не објасни зошто тоа било направено, освен што кинеската страна за овој инцидент ги обвини Американците.
Во соопштението на Пентагон, за случајот, беше речено дека дронот, познат како „ненаоружано подводно пловило“ (УУВ) било користено за спроведување научни истражувања, во моментот кога Кинезите го заробиле.
Од американска страна било побарано „пловниот објект“ да биде веднаш вратен и притоа, Кина била предупредена такви инциденти да не се случуваат во иднина.
Портпарол на Пентагон, меѓутоа, вчера објасни дека двете страни настојуваат да најдат решение за ситуацијата, а Министерство за одбрана на Кина соопшти дека дронот ќе биде вратен на „соодветен начин“ без да се каже кога тоа ќе се случи.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро го осуди инцидентот, обвинувајќи ги Кинезите за „грабеж“. Тој порача дека САД не би требало да бараат пловилото да биде вратено.
Медиумите во САД го квалификуваат овој инцидент, како еден од најсеризоните воени конфронтации меѓу двете земји, во последните неколку децении.
Некои веснци, пак, проценуваат дека случајот треба да биде означен и како своевидна порака на официјален Пекинг до Трамп и новата американска администрација.
Кинезите се гневни поради телефонскиот разговор на Трамп со тајванскиот претседател и со неговото толкување на политиката за „една Кина“.
Ново на Сител
-
Најмногу врнежи во Виница
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1