Пендаровски: Прочистување во судството со помош на докажани странски експерти
Претседателот на државата Стево Пендаровски е поборник за процес на прочистување во судството што би се реализирал со меѓународна помош и тоа од ЕУ. Пендаровски вели дека во процесот треба да бидат вклучени докажани странски експерти.
-Потребно е да имаме некаков Прибе кој би ја менаџирал таа состојба, рече Пендаровски во интервју за Само вистина на Канал 5.
Тој не смета дека само 15-20 судии треба да заминат од своите позиции туку дека проблемот е многу поголем.
Шефот на државата не сакаше да го коментира случајот „Рекет“ велејќи дека процесот е во тек. Со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во овој случај, кажа дека никогаш не се видел, ниту се поздравил, додека со Бојан Јовановски – Боки 13, исто така осомничен во случајот, рече дека се фотографирал пред шаторите кај Влада за време на Шарената револуција, и дека тоа е познато за јавноста.
За односите со лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев рече дека нема никакви недоразбирања, но исто така и оти нема никаква посебна комуникација освен редовната институционална меѓу вработените кога Заев бил премиер.
Прашан за односите со министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорската листа, Пендаровски појасни оти рекол негови кандидати за амбасадори да бидат вработени во МНР, за што на крајот бил задоволен бидејќи 85 отсто од кандидатите биле нив. Рекол дека нема да потпише за никого ако не ги исполнуваат условите за амбасадори. Агремани дошле за шест предложени кандидати за амбасадори кои ги исполнувале сите, како што кажа, правни и политички процедури и кои пред заминувањето требаше да реферираат пред пратениците. Но, Комисијата за надворешна политика беше повеќе пати одложувана пред распуштањето на Парламентот.
– Нема да оди никој од тие шестмина предложени амбасадори. Факт е дека Милошоски девет пати ја презакажуваше Комисијата за надворешна политика, рече Пендаровски.
За законот за јазиците и неговата употреба, шефот на државата рече дека Венецијанската комисија не вели дека Законот е противуставен и дека им се даваат многу права на Албанците, туку дека треба да се направат претпоставки за негова примена.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден