Македонија
2. March 2022 - 19:59

Пендаровски: Не сум добил предлози од владините партнери за амбасадорските места во Брисел и Вашингтон

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва во Тема на денот на Сител рече дека досега нема добиено предлог од владините коалициски партнери за пополнување на амбасадорските места во Вашингтон и во  Брисел.

Пендаровски се надева дека разговорите меѓу владините партнери се во завршна фаза.

-Според мои информации, веќе се почнати разговорите меѓу владините коалициски партнери за пополнување на амбасадорските места во Вашингтон и Брисел. Се надевам дека преговорите се во завршна фаза. Тие потоа треба да излезат со предлог и да видиме дали јас ќе се согласам. Но, до сега за Брисел и Вашинготн немам добиено име, рече Пендаровски и додаде дека за Фрчкоски не е потврдено дека бил одбиен од САД за амбасадорското место во Вашинготн.

Шефот на државата информира и дека на Ненад Колев му е одложено заминувањето на амбасадорското место во Москва поради руско-украинската криза, иако требал да ја преземе должноста на 1 март.

-Брзо очекувам и Комисијата во Собрание да ја заврши својата работа и ако можеме за месец – месец и половина од сега да ја испратиме Агнеза Руси за амбасадор во Софија. Досегашниот наш амбасадор при ЕУ, Руси, професионален дипломат од МНР, треба а биде наш амбасадор во Бугарија. Тоа место, во Брисел се испразнува и многу е битно побрзо да имаме човек таму, во ЕУ, потенцира претседателот Пендаровски. 

Ново на Сител