Македонија
4. јуни 2022 - 11:55

Пендаровски: Најостро го осудувам палењето на културниот центар на бугарската заедница

 Претседателот Стево Пендаровски денеска на својот фејсбук профил го осуди палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола.

-Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија, пишува Пендаровски на Фејсбук.

Тој ги повика надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите.