Пендаровски: Безбедносната состојба стабилна, најголемиот предизвик останува пандемијата со Ковид-19

Безбедносната состојба во земјава и регионот е стабилна и нема индиции дека би можел да биде загрозен територијалниот интегритет. Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид 19 која останува најважен предизвик и во следните месеци, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност.
Истакна дека надлежните институции во континуитет ги следат сите ситуации кои потенцијално би можеле да прераснат во посериозен безбденосен проблем, вклучувајќи и евентуално нов бран на мигрантска криза.
Според сегашните проценки, не се очекува развој на пандемијата кој ќе има влијае на општата безбедност во земјата.
На првиот состанок на Советот за безбедност по зачленувањето на земјата во НАТО се разгледани и безбедносните импликации со воведувањето на 5G технологијата. Заклучено е Владата и надлежните институции доследно да ги почитуваат правилата и препораките на Алијансата. Министерството за надворешни работи ќе треба да започне со подготовка на меморандум за разбирање, сличен по содржина на меморандумите што ги потпишале државите од регионот и земји членки на Алијансата.
– Како членка на НАТО сега сме обврзани да ги следиме сите безбедносни протоколи на Алијансата и тоа како во однос на безбедносниот беграунд на лицата кои работат на чувствителни места во државниот апарат, така и во однос на воведувањето на дигитални технологии кои имаат цели и вердности кои се некомпитабилни со целите и вредностите на западната Алијанса, рече Пендаровски.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
