Пејзаж, забава и рекреација: Запознајте ги убавините на Галичица на точак
На падините на планината Галичица утре по третпат ќе се одржи велоспидската тура „Tour de Galicica“ во должина од 71 километар, на која се очекува учество на над 400 велосипедисти од Македонија и Албанија.
Настанот е во организација на велоспидското друштво „Преспа Бајк“ од Ресен, Општина Ресен и SWG (меѓуминистерска работна група за рурален развој од земјите на западен Балкан), а стартот ќе биде во 9 часот од плоштадот во Ресен.
Велосипедистите низ оф-роад патека ќе возат 35 километри и ќе имаат можност да ги запознаат убавините на Галичица, а останатата километража ќе ја возат низ локалните патишта во Ресен.
Градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски информира дека за учесниците кои доаѓаат од сите краеви на Република Македонија поставен е базен-камп на плажата пред хотелот „Лејк Вју“ каде од денеска логоруваат во шатори. За нив во Отешево и за сите други љубители на журка на плажа вечерва покрај брегот на Преспанското Езеро се организира музички хепенинг.
- Ангажирани се локални водичи кои ќе ги придружуваат велосипедистите, горската служба за спасување од Црвениот крст во Охрид која на денот на одржување на настанот ќе биде распоредена на планината Галичица. За натпреварувачите обезбедени се маици, пакети за освежување, промотивни материјали. За сите нив вечер се организира и музички хепенинг во Отешево, изјави Стрезовски.
Турата е во целост обележана со патокази, информативни табли и кадрони, а учесниците ќе имаа можност да уживаат во прекрасните пејзажи и погледи на Преспанското и Охридското Езеро.
Ново на Сител
-
АА: Со напуштање на Владата покажавме колку малку сме корумпирани
-
Нов протест за Фросина денеска во 17 часот пред Универзална сала
-
ЕУ го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија
-
Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари
-
Зеленски бара директни преговори со Путин во Турција
-
Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице
-
Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините
-
Тричковски стави крај на својата играчка кариера