Пчеларот Јовчевски меѓу производителите од светот кои ќе го отворат Тера Мадре 2016
Нацо Јовчевски, член на Президиумот Макби, е меѓу осумте производители од цел свет кои ќе го означат официјалното отворање на Меѓународниот саем за традиционална храна Тера Мадре Салоне дел Густо 2016 во Торино.
Церемонијата ќе почне попладнево од Паркот Валентино со огромна парада на присутните 7.000 делегати од вкупно 140 земји. Секоја делегација ќе биде предводена од знаменосец, а на чело на македонската поворка ќе биде Јовчевски со македонското знаме.
Парадата ќе помине низ историскиот дел на Торино каде што се поставени павиљоните на Слоу фуд, покрај реката По, преку плоштадот Виторио Венето, се до Кралската палата.
По пристигнувањето пред театарот Карињано, осумте избрани производители од цел свет меѓу кои и Јовчевски, на специјално поставена бина симболично ќе разменат свои производи, автентични за поднебјето од каде доаѓаат. Јовчевски ќе понесе мед во саке од македонската автохтона пчела.
На отворањето на Тера Мадре ќе присуствуваат италијанскиот претседател и министерот за земјоделство и храна на Италија, како и основачот на Слоу фуд Карло Петрини. Уште еднаш ќе биде испратена пораката дека биодиверзитетот може да ја спаси Планетата. Затоа мотото на саемот годинава е „Сакај ја Земјата“.
Во македонската делегација што ја предводи Слоу фуд Македонија покрај производителите се и готвачи, млади активисти и експерти.
Ново на Сител
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран
-
Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“
-
При претрес кај 21-годишник пронајдена марихуана, кокаин и пиштол | ФОТО
-
Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден
-
Во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил малолетник