Павлопулос: Соработка за зацврствување на мирот и безбедноста на Балканот

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во интервју за Политика вели дека сака продолжување на соработката за зацврствување на мирот, безбедноста и на доследно спроведување на меѓународното право на Балканот.
Тој испрати порака до соседите дека пријателството и добрососедските односи зависат само од искреното исполнување на обврските.
- Кога станува збор за Македонија јасно е дека се додека таа инсистира на користење на името кое 'освен што е предизвикувачко фалсификување на историјата, повлекува со себе и иредентизам', сама ја поткопува својата европска перспектива, нагласува Павлопулос.
Слична е и пораката од Грција до Албанија.
– Кога се прават дела спротивни на европските правила, како што е неодамнешното сурово кршење на основните човекови права и особено правата на имот, нашиот сосед ја поткопува својата европска перспектива, нагласи Павлопулос.
Весникот додава дека тоа се однесува за уривање куќи на припадници на грчко малцинство.
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
