Патриотските здруженија побараа од Нимиц оставка од посредничката позиција

Со македонски знамиња и транспаренти со пораки, патриотските здруженија вечерва на протест пред Собранието на Република Македонија побараа оставка од медијаторот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц, кој денеска пристигна во Скопје и утре ќе има средби со државниот врв.
Учесниците во протестот побара од Нимиц да се повлече од, како што рекоа, срамната и недостоинствена понуда за предлог за името, со укажување дека македонскиот народ нема да прифати такви решенија. Според нив, проблемот за името е наметнат, крајно асиметричен и апсурден.
- Нимиц да престане да биде учесник во геноцидот и во уништувањето на македонскиот народ и држава, како и во повредувањето на македонскиот идентитет. Македонскиот народ нема да ги прифати овие решенија и ќе се бори со сите средства за враќање на одземениот суверенитет и за ревизија на сите спорни одлуки против државните интереси. Метју Нимиц да достави извештај до ОН дека македонскиот народ бара од него неотповиклива оставка на медијаторсата позиција и дека сака Република Македонија да биде примена на ОН под уставното и државото име, порачаа учесниците во протестот.
Ново на Сител
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
