Македонија
3. јуни 2023 - 16:33

Патот на влезот од Охрид небезбеден за возење

Несоодветната патна инфраструктура и опасните дупки на самиот влез на Охрид оштетија голем број на возила, а предизвикаа и несреќи на патот.

Викендашите од Скопје кои речиси секој одмор го користат да го поминат во населбата кај Подмоље се жалат дека при секое доаѓање се соочуваат со истиот проблем тие велат дека треба да имате среќа да нема кола од другата страна за да може да се избегнат дупките.

Викендашите бараат надлежните час поскоро да го решат овој сериозен проблем кој го нагрдува влезот на градот заштитен под Унеско.

Дополнителен проблем е и долгата изградба на патот Кичево - Охрид, а патувањето е долго тешко и небезбедно.

Од ЈП за државни патишта велат дека веќе се изработува техничко решение за санација на патниот правец кај Подмоље.