-->
-->
Параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021″
-->
Во Маврово викендов се одржува традиционалниот параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021″. Оваа година натпреварот има поголемо значење бидејќи е дел од Евро Куп серијалот кој се одржува на пет локации во светот вклучувајќи го и Маврово. На терените кај жичарите прецизно ќе слетуваат пилоти на параглајдер од Блаканот и од цела Европа, соопшти Воздухопловна Федерација на Македонија.
Организатори на настанот се параглајдинг клуб Кондор од Гостивар и Воздухопловна Федерација на Македонија со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.
Организаторите упатуваат повик до граѓаните да дојдат утре да уживаат во техниката на параглајдеристите и во убавините на Маврово.
Овој викенд е исто така значаен бидејќи Воздухопловната федерација денеска во Маврово ќе ја формира првата Комисија за жени во спорт во историјата на воздухопловството. Формирањето на комисијата е реализирано со поддршка на Агенција за млади и спорт и Влада на РСМ. Во комисијата ќе членуваат воздухопловки од различни спортови (падобранство, параглајдинг, моделарство, авијатика, едриличарство) кои ќе се ангажираат за доброто на жените во спортот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци