Балкан
18. December 2022 - 8:53

Папата Франциск и ги враќа на Грција скулптурите од Партенон

Поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Франциск, одлучи да и врати на Грција три стари делови на Партенон кои повеќе од еден век се наоѓаат во папските збирки на ватиканските музеи.

Ватикан известува дека папата одлучил да му ги врати трите парчиња од храмот Партенон на грчкиот надбискуп Јеренимос, како конкретен знак на искреност.

Радио Ватикан објави дека во Рим пристигнале по непознат пат во 19 век.

Партенон, кој се наоѓа на Акропол во Атина, бил завршен во петтиот век п.н.е. како храм на божицата Атина, а неговите украсни делови содржат некои од најголемите примери на старогрчка скулптура.