-->
-->
Паника во тетовско Сараќино, пукотници ги вознемирија селаните
-->

Вчера во 19,15 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено пукање од огнено оружје во с.Сараќино-тетовско.
Од страна на полициски службеници од Полициското одделение Групчин било излезено на местото на настанот, при што било констатирано дека во куќата на З.Т. (24) при семејна веселба истиот испукал куршуми од гасен пиштол “Екол“ кој го поседувал без потврда.
Увид бил извршен од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и биле пронајдени и подигнати осум чаури калибар 9мм испукани од наведениот пиштол.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег
-

Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
-

Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола
-

Нов круг мировни преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби, без претставници на САД
-

Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации
