Панел - дискусија посветена на аутизмот во Кисела Вода

Вчера се организираше панел - дискусија посветена на аутизмот, на која се обратија педијатарот и детски невролог проф.д-р. Аспазија Софијанова, проф. д-р. Оливер Бакрески, претставник од Катедрата за дефектологија проф д-р Владимир Трајковски и претставник од „Гаспар” центар за психофизичко здравје, м-р Филип Гаспар. Вечерта беа поделени и антифони - алатка која ретко се споменува но има огромно смирувачко дејство и олеснување.
Како што изјави градоначалникот, овие антифони се целосна донација од него и неговиот тим.
- Тивко, но моќно. Во светот на децата со аутизам, тишината понекогаш зборува најгласно. Антифоните – алатка што ретко се спомнува, но носи огромно олеснување – стануваат мост до сензорен мир и спокој за многу мали срца кои се борат со светот што понекогаш е премногу гласен. Овие антифони кои вечерва беа поделени на дечињата со аутизам, се донација од мене и мојот тим.
На вечерашната панел- дискусија посветена на аутизмот, се обратија педијатарот и детски невролог проф.д-р. Аспазија Софијанова, деканот проф. д-р. Оливер Бакрески, претставник од Катедрата за дефектологија проф д-р Владимир Трајковски и претставник од ,,Гаспар” центар за психофизичко здравје, м-р Филип Гаспар за што сакам искрено и од срце да им се заблагодарам! Почитувани, ова е месец во кој не само што зборуваме повеќе за оваа состојба, туку и се потсетуваме на она што навистина значи заедништво, поддршка и разбирање.
Светот на аутизмот не е тивок, туку богат – исполнет со посебни перспективи, со уникатни дарби, и со еден поинаков ритам што нè учи да гледаме подлабоко, а не површно.
Различностите не нè делат – тие нè збогатуваат. А кога ја прифаќаме различноста како вредност, ние градиме посилно, похумано и поисполнето општество.
Целта е јасна - да ја зголемиме свесноста за аутизмот и да презентираме конкретни алатки кои може да помогнат во секојдневниот живот на децата и нивните семејства. Сакам да испратам една јасна порака до сите родители: вие не сте сами!
Ние сме тука – како општина, како заедница, како луѓе што веруваат дека секое дете заслужува простор да расте, да се развива и да блесне. - истакна Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода
Ново на Сител
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
