Свет
14. March 2016 - 8:21

Падна авион среде пазар, седум мртви

Најмалку седум лица загинаа, а 15 се повредени кога на пазар во областа Бени, во североистокот на Боливија, се урна авион од типот „цесна 206“, соопшти боливиската полилиција. 

Несреќата се случила вчера попладне, а загинати се четири лица во авионот и тројца на земја. 

Сите жртви се жители од тој регион, пренесува Танјуг. 

На фотографиите од местото на несреќата се гледа дека дел од пазарот е изгорен.