Пад на БДП на Црна Гора, трет најдлабок во Европа
Црна Гора се соочи со историски пад на бруто домашниот производ од 20,2 проценти, што е трет најдлабок пад во европската економија.
Вредноста на остварениот БДП, имено, во вториот квартал од годинава изнесува 900,5 милиони евра, додека во истиот период минатата година тој изнесува 1,15 милијарди, што е пад од 20,2 проценти, како што соопшти денеска црногорската администрација за статистика, Монстат.
Проценката на сега во заминување владата на Душко Марковиќ беше дека БДП годинава ќе падне за 6,8 проценти, а сега е сигурно дека падот ќе биде далеку поголем. Просечниот пад на економиите во земјите на Европската унија беше 14%.
Се додава дека само две земји имале поголем пад на БДП од Црна Гора во периодот од април до јуни, Шпанија со 22,1 процент и Велика Британија со 22,8 проценти.
Понатаму се наведува дека, заради споредба, Србија имаше пад од 6,4 проценти, Словенија 13 проценти и Хрватска 15,1 процент. Падот на црногорската економија сепак е „рекорд“.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани