Озил одбил трансфер во ПСЖ
Раководството на ПСЖ упатило сензационална понуда за ѕвездата на Арсенал, Месут Озил, информира германското издание „Зидојче Цајтунг“. Поради повредата на Нејмар, која ќе го извади од терените за следните речиси три месеци, ПСЖ одлучија да се пробаат за плејмејкерот на „топџиите“, кој доживува тежок период на „Емирати“.
Томас Тухел го сака Озил на плејмејкерската позиција, зад Единсон Кавани и Килијан Мбапе, но изненадувачки Озил го одбил предлогот да премине на „Парк де Пренс“. Предлогот бил за изнајмување со опција за откупување на 30-годишниот ас.
Против Кардиф во вторникот вечер, Озил уште еднаш не беше на ниво, а вчера Арсенал го привлече Денис Суарез од Барселона, што сугерира за намерите на лондонскиот тим да се раздели со најплатениот играч во селекцијата на Унаи Емери. Самиот тренер загубил верба во играчот, откако често го остава на клупата поради „тактички причини“.
ПСЖ сепак нема да се откаже од обидите и ќе се обиде да оствари договор до крајот на зимскиот преоден рок.
Ново на Сител
-
Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
-
Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари