Овој коментар на Фејсбук и го спаси животот на познатата водителка
Лара Пит, водителка од Австралија, по породувањето, за необично кусо време повторно се појавила на малите екрани, па веднаш гледачите почнаа да коментираат на социјалните мрежи дека таа изгледа исцрпено.
Но, токму еден од тие коментари и го спасил животот, како што самата вели за порталот „Боди енд Соул“.
- Срцето ми биеше како бесно, имав проблеми со сонот и се будев целата во пот. Понекогаш не успевав дури ни да се искачам по скалите, без да се задишам. Се чувствав како зомби, раскажува Лара, која на крај отишла и на лекар поради тоа.
Советот на докторите бил - повеќе одмор, а помалку работа, што е и сосема очекувано во такви ситуации.
Неколку дена подоцна добила коментар од свој следач, кој ја советувал да побара и второ мислење...
- Нели ви се чини дека Лара има адамово јаболко?, гласел коментарот.
Лара се погледнала в огледало и забележала дека навистина има мал израсток среде грлото... Кога направила крвни тестови и ултразвук, ја дознала и дијагнозата. Станува збор за ретка болест, наречена следротилен тиреоидизам, којашто мора да се лекува што е можно порано.
- Ако не го прочитав тој коментар, можеби веќе немаше да бидам меѓу живите, призна водителката која штотуку стана мајка.
Ново на Сител
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник
-
Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија