-->
-->
Ова ќе промени се - Измислен телефон кој работи без батерија!
-->
Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сиетл успеале да направат телефон кој енергијата за функционирање ја црпи од својата околина и истовремено му овозможува да работи без батерија.
Прототипот на овој уред е заснован на технологија која овозможува да рефлектира радио бранови и на тој начин да комуницира.
Освен тоа што на денешните мобилни телефони им е потребна голема количина на енергија за функционирање, овој уред користи аналоген начин на комуникација која е слична на шпионската технологија за време на студената војна.
Разговорите со телефонот додека е без батерија нема да имаат врвен квалитет, но сепак се доволни за комуникација.
-Менување на човечкиот глас во дигитален сигнал бара доста сила. Доколку можете да комуницирате по аналошки пат, тогаш сте енергетски многу по ефикасни, истакнал Вамси Тала, еден од научниците во овој проект.
Научниците до идејата дошле по примерот на „бубиците“ за прислушкување со кои се служел Советскиот сојуз во текот на Студената војна, истите тие уреди биле активирани само преку радио бранови на одредени фреквенции.
Моменталниот прототип е многу едноставен, има бројчаник кој е осетлив на допир и мал ЛЕД екран, но еден ден со помош на понапредна технологија овој уред би можел да се користи во напредни системи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд