Ова е новата девојка на Саша Ковачевиќ

Саша Ковачевиќ, за првпат во јавноста, се појави пред медиумите со новата девојка, некогашната српска мисица Зорана Тасовац.
Саша и Зорана не ги криеја емоциите, иако на убавата бринета и беше прилично непријатно толкавото медиумско внимание и фотографирање. Сепак, случајно или намерно, згодната мисица позирајќи пред објективот, покажа повеќе од што треба, па под кусото мини фустанче и ѕирнаа белите гаќички, а раката и заврши високо меѓу нозете на своето ново, популурано момче.
Убавата Зорана еднаш беше избрана за Мис на Војводина, а во 2007 година беше прва придружничка на изборот за Мис на Србија. Родум е од Kикинда, а во 2008 година таа беше српска претставничка на изборот за Мис Универзум.
Зорана, инаку, има ќерка, која Саша веднаш ја прифатил како свое дете.
Да потсетиме, Саша, пред Зорана, беше во долга врска со Јована Јоциќ, и тие имале таков однос што сите беа убедени дека ќе се венчаат, но… до венчавка сепак не дојде. Наместо со свршувачка, Саша заврши со нова љубов.



Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
