Ова е најстарото живо суштество на Земјата
Некои инсекти живеат едвај 24 часа, долговечни домашни кучиња можат да живеат и подолго од 20 години, најстарите луѓе според Гинисовата книга на рекорди наджвиале и 115 години додека желката по име Џонатан од Индија наводно живееле 255 години пред да угине во 2006 година.

Сите овие бројки бледеат во споредба со најстарите живи организми на Земјата кои научниците ги собраа на т.н. „листа на староста“. Очекувано, доминираат дрвата, чии години научниците ги измериле со помош на ултратенки дупчалки со кои допреле до јадрото и ги преброиле годовите.
На списокот на најстари лидер е борот Pinus Longaev, кој се наоѓа на Белите Планини во Калифорнија. Ова стебло има веќе 5.067 години, што значи дека живеело веќе неколку векови во време кога древните Егпќани граделе пирамиди, а воедно и ги надживеа сите значајни царства на античкото време.
На второ место е дрво од истиот вид, наречено Метузалем, кое има 4.850 години, а за кое долго време се мислело дека е најстаро на Земјата. Пред некоглку години се исуши третото дрво на листата, исто така Pinus Longaev наречено Прометеј чија старост била 4.844 година.
Но, од друга страна, смреката наречена „Стариот Чичко“ во шведската провинција Даран е стара дури 9.558 години, што значи дека изникнала практично на крајот на Леденото доба.
Сепак, тука не станува за збор за едно стебло кое непрекинато постои, туку за дрво кое се регенерира во книтинуитет и кое со своите „претци“ дели идентичен генетски состав. Станува збор за своевидна колонија на клонови каде секој одделен клон живее само еден дел од животниот век на целата колонија.
Ново на Сител
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
