Отворени нови простории за невладини организации од Кавадарци

Невладините организации од Општина Кавадарци од денеска ќе ги користат новите простории кои беа изградени со финансиска помош од Вардарски плански регион и Владата на Република Македонија.
Во своето обраќање кон присутните, кавадаречкиот градоначалник Александар Панов изрази задоволство што невладиниот сектор доби свој простор на местото кое некогаш беше руина. Тој се заблагодари и на УНДП, за опремување на канцелариите.
-Забавивме неколку месеци заради тоа што со измените во законот имавме проблем со тоа како да го изнајмиме овој простор. На крајот се одлучивме на тоа вработени од локалната самоуправа да бидат во функција на цел невладин сектор во општина Кавадарци и да бидат нивна прислуга во делот на стручна помош, припремање апликации, добивање на проекти, појасни Панов.
Од понеделник тука ќе има минимум двајца вработени, а просториите ќе бидат поделени по области во коишто дејствуваат невладините организации од Кавадарци.
Директорот на Вардарски плански регион Марко Колев нагласи дека ова е уште еден успешен заеднички проект.
-Покрај овој проект реализиравме и други проекти кои се во функција на рушење на бариерите во општина Кавдарци. Пред неколку месеци го инсталиравме и лифтот за лица со посебни потреби, поставивме летниковец, забавен парк но имаме и други проекти кои се за општина Кавадарци кои ќе ги соопштиме во наредните неколку недели, рече Колев.
Благодарност за просториите изрази Михајло Михајлов од Здружението на телесни инвалиди "Мобилност" Македонија.
-На еден начин со овие простории ни ги олеснивте комуникациите и приодот околу нештата, да ги рушиме предрасудите, стереотипите и да можиме што полесно да сме со вас и до вас и полесно да функционираме, нагласи Михајлов.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
