Отворени избирачките места, можат да гласаат 1 353 990 граѓани на 2481 избирачко место
Во 7 часот почна гласањето на вториот круг од седмите локални избори од осамостојувањето на државата.
Се гласа во вкупно 44 општини. Право на глас имаат 1 353 990 избирачи на 2481 избирачко место. Повторување на гласањето за градоначалник и за совет има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.
Денеска нема гласање за градоначалник во Маврово-Ростуше и Центар Жупа бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. За овие две општини ДИК ќе ја извести Владата, а потоа во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа. Членови на советот се избрани бидејќи за нив не е потребен цензус.

Првпат оваа година гласачите се идентификуваат со уреди за биометриска идентификација преку отпечаток од прст. Овие уреди ги содржат само личните податоци за гласачите од Избирачкиот список во избирачкото место.
Исклучок од гласањето со уреди за биометриска идентификација се лицата кои гласаа вчера – болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии барања биле прифатени од општинските изборни комисии. Вчера гласаа и затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица.
Ново на Сител
-

Лавров: Западот се обидува да ја преправи историјата
-

Снегот ги изненади Белгијците: Снежните врнежи предизвикаа застој во сообраќајот низ белгиските патишта
-

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ
-

Зголемени нивоата на реките, Треска речиси осум пати над ноемврискиот просек
-

Николоски: Автопатот Прилеп–Битола се гради со силна динамика, готов до 2028 година
-

ЦУК: Во Охрид и Кичево водостоите зголемени, нема излевања
-

Захарова: Украина не исполнува ниту еден критериум за влез во ЕУ
-

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби
