-->
-->
Отворени „Денови на полска гастрономија“ во Македонија
-->
Со поддршка на Полската амбасада и Почесниот конзулат на Република Полска во Македонија започна второто издание на „Деновите на полска гастрономија“.
Домаќин на настанот, кој започна вчера, а ќе трае до 4 ноември, е ресторанот „Пелистер“ лоциран на плоштадот Македонија во Скопје каде сите посетители ќе имаат можност да вкусат од многуте специјалитети карактеристични за полската кујна.
Дел од менито по повод манифестацијата се татарски бифтек, гради од патка со палачинки од тиквички, црвена зелка и сос од вишни, филет од сом со сливи и зелен зеленчук и многу други. Специјалитетите се приготвени од реномираниот полски готвач Матеуш Турај, инаку шеф на кујна во ерсторанот Мјодова во Краков.
Според организаторите, целта на манифестацијата е на македонските граѓани да им се доближат вкусовите и звуците карактеристични за Полска, за нејзината култура и традиција. Воедно, ги покануваат сите оние кои би сакале да уживаат во автентичните полски јадења и полската музика да ја искористат оваа прилика да бидат дел од гастрономското патување во Полска.
Со цел поддршка и промоцијата, како на полската култура така и на полскиот јазик во земјава, во рамките на манифестацијата „Денови на полската гастрономија“ Почесниот Конзул на Р. Полска во Р. Македонија додели стипендии за студентите на Катедрата за Полски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, информираат од Полската амбасада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение против лицата кои го малтретираа кучето Феликс
-
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути
-
Спасовски: Единствениот одговорен во Собранието е Африм Гаши
-
Деветгодишно дете почина на Детската клиника во Скопје
-
Дизелот поскапува за две денара, цената на бензините не се менува
-
ДУИ бара пратениците да добиваат безбедносен сертификат без проверки, власта ги одби
-
Хамас тврди дека над 70 Палестинци се убиени по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Појасот Газа
-
ВМРО-ДПМНЕ: Елитата на СДС живее на висока нога и во маркет нема влезено