Отворени денови на АВРМ во Крива Паланка

Во рамки на отворените денови на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) денеска во Крива Паланка се одржаа две трибини, за невработените лица и за работодавачите од општината.
На трибините беа презентирани активните мерки и програми за вработување од оперативниот план на Владата и Агенцијата за вработување за 2016 година.
- Оперативниот план за 2016 содржи бројни активни мерки и програми кои нудат бројни поволности за невработените лица, кои можат да ги ползуваат сите активни баратели на работа, но и за работодавачите. Ги презентиравме сите активни мерки, програми но и услугите на пазарот на трудот кои ги олеснуваат барањето или нудење работа. Исто така во овој оперативен план, кој стапи на сила на 11 месецов се вметнати триесетина пилот програми кои дополнително треба да придонесат за намалување на невработеноста во државата, изјави Менка Гугулевска, раководител на Секторот за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на труд при АВРМ.
Таа истакна дека најпопуларна мерка која ја ползуваат невработените е грант со самовработување, додека голем е интересот и за обука кај познат работодавач и обука со субвенционирано вработување.
- Особено значајно кај споменатите мерки е што голем број лица се охрабруваат својата јасна бизнис идеја да ја реализираат со финансиската помош која им ја доделуваме неповратно. Атрактивни се мерките кои им овозможуваат на лицата да поминат низ процес на обука и да се стекнат со бараните вештини на пазарот на труд, додека пак, работодавачите можат да ги оспособат лицата со неопходните вештини и да ги вработат лицата, притоа добивајќи поволности и субвенции, рече Гугулевска.
На подрачјето на општина Крива Паланка во моментов се регистрирани околу 3.000 невработени лица. Отворени денови на АВРМ ќе се одржат и во соседната општина Ранковце в петок, на 15 јануари.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
