Македонија
26. јуни 2018 - 13:33

Отворена постапка за постапувањето на полицијата на протестите пред Собранието

Народниот правобранител отвори постапка и будно ги следи настаните за постапувањето на полицијата на протестите пред Собранието на Република Македонија против Договорот со Грција за името, информира заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

- Веќе во два случаја имаме поднесени претставки од граѓани и непосредно од заинтересирано лице кое се почувствувало повредено, во кои  се укажува на наводи за користење, односно употреба на средства  за присилба и употреба на сила од страна на полицијата. Постапките се во тек и се преземаат мерки  во надлежните одделенија на Народниот правобранител, рече Бајрамовска-Мустафа на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.