Отворен повик на Град Скопје за учество на семинар за кураторство
Град Скопје соопшти дека се вклучил како партнер во европскиот проект на мрежата Креарт поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.
Во рамки на активностите на проектот, од Град Скопје ги известуваат уметниците кои живеат и работат во Скопје за можноста за учество на семинар што ќе го истражува односот меѓу историјата на уметноста и кураторството, како и наративноста вклучени во кураторството. Ќе се фокусира на современите изложби на уметноста на дваесеттиот век.
Семинарот се состои во сесии за изложби и сесии за студии на случај, вклучувајќи и дискусија за есеи, посета на изложба со дискусија и учество на независен куратор. Локацијата каде ќе се одржи семинарот се наоѓа во центарот на португалскиот град Авеиро во Конгресниот центар сместен во поранешната фабрика „Јеронимо Переира Кампос“, која датира од 1916 година. Конгресниот центар од 1995 година е најрелевантен во регионот и професионален центар за обука.
Од Град Скопје потенцираат дека семинарот е отворен за локални куратори и уметници (родени или жители ) во кој било од градовите што учествуваат во „CreArt" Мрежа на градови за уметничко творештво". Потребно е кураторите и уметниците да имаат диплома по уметност, кураторство или сродни области, најмалку една година кураторско искуство или работно искуство во музеј / галерија и сл.
Организацијата ги покрива патните трошоци до 600 евра и сместување, освен за учесниците од Авеиро. Организација нуди оброци на сите учесници во текот на работилницата од 29 до 31 октомври. Учесниците треба да носат со себе лаптоп и треба да присуствуваат на сите сесии на семинарот. Рокот за пријавување е до 16 септември. Сите заинтересирани он-лајн формуларот за аплицирање треба да се поднесат онлајн до 16 септември: https://creart2-eu.org/open-
Заинтересираните за учество на семинарот треба да достават документи со име, адреса, телефонски број и меил, скенирана копија на лична карта или пасош, кратка биографија и да наведат причини за учество на семинарот (не повеќе од една А4 страница).
Град Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Лидер на проектот е шпанскиот град Валадолид, а проектот го сочинуваат 12 партнери, наведуваат од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Контролирани 16 угостителски објекти, три се затворени - два во Тетово, еден во Гостивар
-
Претстои променливо облачно време со повремен дожд, од среда наместа поројни врнежи, грмежи и силен ветер
-
Силна експлозија уништи зграда во областа Монтеверде во Рим
-
Папата денеска се појавува во јавноста за прв пат откако беше хоспитализиран
-
Неправилности утврдени кај 11 правни и 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки
-
Додик: Повторно се кандидирам за претседател, ќе спроведеме избори на ниво на РС
-
Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета истрелана врз Израел од Јемен
-
Во УКЦС во Белград се 17 пациенти од пожарот во Кочани, двајца се на механичка вентилација и двајца оперирани