Отворен инкубатор за дигитални таленти во Македонски Телеком
Во инкубатор за дигитални таленти, што го отвори денеска Македонски телеком, 20-ина студенти ќе развиваат апликации за дигитална трансформација.
Студентите се областа на ИТ, телекомуникаците и е-бизност, се избрани од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Економскиот факултет.
Од Македонски Телеком велат дека бројката на тимот во дигиталниот инкубатор во иднина ќе се зголеми, а најдобрите ќе може да се вработат и да стекнат меѓународно искуство.
- Ова ново партнерство е „win win“ комбинација за двете страни - ние како корпорација добивме свежи и нови идеи, а студентите стратешки партнер за развој на нивните идсеи и професионален потенција. работиме на откривање професионалци ,ги охрабруваме на иновативен пристап во работењето, а ваквиот бизнис модел очекуваме да донесе позитивни резултати, изјави на промоцијата на бизнис инкубаторот Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком.
Апликациите кои ги создаваат студентите треба да придоенсат за поедноставување на работните процеси во телеком, а се очекува со тек на време со таквиот начин на работа да се трансформираат и продуктите и услугите на компанијата.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз