Отворен ден за високи гости на вежбата „Dragoon Guardian 17“

На армискиот полигон Криволак, денеска ќе се одржи отворен ден за високи гости на вежбата „Dragoon Guardian 17“.
На отворениот ден, од страна на единиците на АРМ и Армијата на САД, кои учествуваат на вежбата ќе биде извршена демонстрација на изработка на полетно - слетна патека на Армискиот полигон Криволак за беспилотни летала.
На настанот е најавено присуство на премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли, министри во Владата на РМ, високи претставници во АРМ и МО, одбранбени аташеи и претставници на НАТО канцеларијата за врски.
Целта на вежбата е подобрување на интероперабилноста на АРМ со НАТО стандардите, зајакнување на постојното партнерство со САД како и демонстрација на можностите на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество.
На воената вежба учествуваат 90-тина припадници на АРМ од инженерскиот баталјон од составот на Првата механизирана пешадиска бригада и околу 300 припадници на (2 Cavalry Regiment“ на Армијата на САД во Европа. На вежбата учествуваат и припадници на другите единици на АРМ за прушање логистичка поддршка и воено полициско обезбедување.
Во рамки на вежбата која почна во петокот официјалнов о Куманово, беа организирани и презентации на дел од борбените возила на ВС на САД во Скопје, Штип и Велес.
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
