Отворен ден на АРМ за граѓаните

По повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Македонија - 18 Август, денеска на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје од 10 до 14 часот ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ, збогатена со голем број активности на припадниците на Армијата.
Граѓаните се поканети да го посетат тактичко-техничкиот збор, каде ќе имаат можност покрај материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, да се запознаат и со армискиот хеликоптер Ми-8/18.
Како дел од програмата ќе бидат прикажани и борбените вештини на припадниците од баталјонот за специјални намени „Волци“ ,точката „Егзирцир“ на баталјонот за почести, прелетот на хеликоптерот Ми-8/18, приказот на обученост на службените кучиња на АРМ и изведбите од воениот оркестар.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат војнички приготвен грав од припадниците на логистичката бригада или да проверат крвен притисок од страна на припадници на Воено-медицинскиот центар.
Изложбата на воениот стадион ќе ја посетат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Васко Ѓурчиновски.
Во рамки на одбележувањето на Денот на АРМ вчера во Министерството за одбрана се одржа централна свеченост на која говореа претседателот и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, министерката Шекеринска, а беа доделени одликувања, унапредувања, благодарници и награди за припадниците на АРМ.
На церемонијата беше извршено примопредавање на функцијата началник на Генералштаб на Армијата. Досегашниот Методија Величковски е заменет со генерал мајорот Васко Ѓурчиновски.
Ново на Сител
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
