Отстранета дрвената скулптура на Меланија Трамп во Словенија, запалена на американскиот Ден на независност
Дрвената скулптура на првата дама на САД, Меланија Трамп во близина на нејзиниот роден град Севница, во Словенија, е отстранета откако беше запалена на 4 јули – Денот на независноста на САД. Тоа го изјави уметникот кој ја нарачал скулптурата.
Бред Дауни, американски уметник рече дека скулптурата во актуелна големина – сега оцрнета и обезличена – отстранета е штом полицијата го известила на 5 јули, само една година откако била откриена.
„Сакам да знам зошто го сторија тоа“, рече Дауни, кој се надеваше дека статуата ќе поттикне дијалог за политичката состојба во САД, објави Гардијан потенцирајќи го статусот на Меланија Трамп како имигрант омажена за претседател кој се заколна дека ќе ја намали имиграцијата.
Во Вашингтон, канцеларијата на Меланија Трамп не одговори веднаш на барањето на весникот за коментар.
Во јануари голема дрвена статуа што наликуваше на Доналд Трамп, дизајнирана од локален уметник, беше запалена во словенечкиот град Моравче, источно од главниот град Љубљана.
Дауни (39) рече дека поднел пријава до полицијата.
„Истрагата за овој случај се уште не е завршена, така што не можеме да откриеме детали поради понатамошни постапки“, изјави портпаролката на полицијата Аленка Дреник.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка