Фудбал
29. September 2016 - 9:36

Oтпуштен и третиот тренер во Шпанија

Шпанскиот прволигаш Гранада му врачи отказ на тренерот Пако Хименез, соопшти клубот на својата официјална интернет страница. Хименез ја предводеше Гранада на само шест натпревари од почетокот на сезоната.
 
Пако Хименез, во јуни, ја презеде Гранада, откако претходно четири години беше тренер на Рајо Ваљекано. Од почетокот на сезоната тој со екипата освои само два бода (две нерешени и четири порази).
 
Гранада се наоѓа на 19-та позиција во Примера, во наредното коло на домашен терен ќе игра против Легањес.
 
Хименез е третиот тренер кој од почетокот на првенството доби отказ, претходно тоа им се случи на Марселињо (Виљареал) и Пако Ајестаран (Валенсија).