-->
-->
Откриено зошто повеќе пушиме цигари кога пиеме алкохол
-->
Научниците отркија зошто луѓето пушат повеќе цигари додека пијат алкохол. Одговорот се крие во тоа да останеме будни.
Научниците од факултет во Мисури веруваат дека луѓето се желни за никотин (стимуланс) додека пијат алкохол бидејќи на тој начин го намалуваат чуството на поспаност кое го предизвикува алкохолот.
Истражување на научниците кои го следеле влијанието на алкохолот и никотинот во мозоците на стаорци било објавено во списание за неурохемија.
Со проучување на дел од мозокот кој е поврзан со рефлексите, научниците откриле дека никотинот помага во оддолговлекување на поспаноста која ја потикнува алкохолот.
Научниците исто така заклучиле дека:
"Причината поради која луѓето пушат повеќе цигари а со тоа внесуваат никотин, е да се зголеми уживањето а со тоа да се намали негативниот ефект од алкохолот како што е поспаноста".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ