-->
-->
Откриено зошто паѓаат Боинг авионите: Објавено морничаво видео од последниот лет на авионот
-->

Експертите кои го анализираа и истражуваа и боингот 737 кој претходно се сруши во Индонезија, се фокусираа на новиот систем за моќност.
Флотата Боинг 737 Макс е приземјена ширум светот откако на 10 март, што на компанијата и одзема 28 милијарди долари и го доведе во прашање однапред направените нарачки на ваквите авионои во вредност од 500 милијарди долари.
Боинг објави дека планира поправка на софтверот ќе ја спречи операцијата која се повторува во системот и која е централно безбедносно прашање. Првата тужба против Боинг беше поднесена во Сојузниот суд на САД во четвртокот, поради падот на Етиопијан ерлајнс 737 MAX на 10 март, кога 157 лица ги загубија животите. Меѓу жртвите беше српскиот државјанин Ѓорѓе Вдовиќ (54), кој беше вработен во Светската програма за храна во Обединетите нации. Тужбата беше поднесена во федерален суд во Чикаго од страна на семејството на Џексон Мусони, државјанин на Руанда. Како што е наведено во тужбата, Боинг, кој произведува 737 MAX авиони, имал дефектен дизајн на автоматски систем за контрола на летот.
Компанијата Боинг засега не се огласи.
Истрагата, исто така, се занимава со квалитетот наобуката на пилотите на авионот Боинг 737 МАКС. Најмалку две години пред падот на авионот во Индонезија, американските и европските регулатори знаеја дека контролирањето на аголот на „носот“ на авионот, на моделот 737 МАКС можеби нема да биде доволен во ситуации слични на овие две несреќи.
Европската агенција за авијација , издала сертификат дека авионот е безбеден, делимично поради тоа што сметале дека допунските процедури и тренинг, ќе им се објасн на пилотите за непредвидливите ситуации во кои би морале мануелно да го управуваат авионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој презира криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери
-
Од турист до амбасадор на скриени убавини во Македонија | Фин Вотшов | Sitel Podcast 116
-
Орбан: Ситуацијата е таква што „една грешка може да прерасне во светска војна“
-
До 5 октомври аплицирање за субвенциониран студентски оброк
-
Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти
-
Злоупотреба на функција и бесправно градење - обвиненија против поранешниот директор на струмички „Комуналец“
-
Уставниот суд оформи предмет за иницијативата на Левица
-
Мирен протест во Атина во рамките на генералниот 24-часовен штрајк