Откриени над 4 килограми марихуана, приведен албански државјанин
Еден албански државјанин е приведен, под сомнение дека поседувал и пренесувал наркотици, а две други лица од гостиварското село Добри Дол се задржани на разговор, информираат од СВР Тетово. По спроведената акција, синоќа полицијата на две локации запленила над 4 килограми марихуана.
- Синоќа, при обид да биде легитимиран албанецот М.Д. (27) во населбата Малки, им побегнал на полициски службеници и при тоа фрлил едно најлонско ќесе и патничка торба. Подоцна е утврдено дека во нив имало околу 4 килограми тревкаста материја за која постои основано сомнение дека е наркотична дрога марихуана и дадена е на вештачње. Два часа подоцна, околу 23.30 тој е приведен во еден угостителски објект во селото Добри Дол, изјави Марајан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Непосредно по приведувањето, со судска наредба извршен е претрес во куќата во која М.Д. престојувал. Во една помошна просторија била откриена ќеса во која имало околу половина килограм тревлива материја.
Портпаролот Јосифоски информира дека со акцијата која била спроведена од полициски службеници на ПС Гостивар се приведени и две лица од Добри Дол, едно на 18 и едно на 53-годишна возраст, осомничени дека го превезувале албанскиот државјанин.
Осомничениот албански државјанин кој од претходно е познат како извршител на повеќе кривични дела, во текот на денот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар
Во две други акции на полицијата, изминативе денови, во Гостиварско беа откриени над 4 килограми марихуана, а едно лице заработи притвор.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица