Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет
Научниците со помош на современа технологија и методи успеjаа да го откријат идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет.
Египетскиот археолог Захи Хавас ал-Ахрам изјави дека ДНК тестовите ја докажале теоријата дека мумијата, која изгледа како да вриштела во моментот на умирање, е всушност принцот Пентевере, кој бил осуден на смрт со бесење поради убиството на неговиот татко Рамзес Трети, кој владеел во 12. век пред нашата ера.
Научниците наведуваат дека мумијата била прекриена со овча кожа, што во древноегипетската култура значело дека направил нешто лошо во текот на својот живот.
Таа немала никаква ознака на гробот со што му билo ускратено правото на последен живот, а рацете и нозете му биле врзани и не поминал низ тардиционалниот процес на мумификација.
- Не бил мумуфициран, туку бил оставен да се исуши, а потоа само била излиена смола во неговата уста, истакна Хавас ал-Ахрам.
Сепак мумијата била ставена во гробницата со останатите членови на семејството.
Таа беше изложена во Музејот во Каиро, каде има посебен дел за досега неизложени примероци од колекцијата. За седум дена најмалку 20 илјади посетители ја виделе „вриштечката мумија“.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја