Фудбал
7. October 2015 - 16:30

Отказот би му донел 50 милиони на Мурињо

Евентуалниот отказ кој Челзи би му го врачил на менаџерот Жозе Мурињо би го чинел сопственикот на тимот, Роман Абрамович, 50 милиони евра, пренесуваат британските медиуми.
 
Мурињо и покрај саботниот пораз на „Стенфорд Бриџ“ од Саутемптон (1:3) ја доби довербата од клупските челници.
 
Наводно, како што пишува „Bleacher Report“, во случајот на отказ, Челзи на Мурињо ќе мора да му исплати 50 милиони евра колку што изнесува неговиот договор до 2019 година.
 
Инаку сопственикот на Челзи во минатото исплаќал високи суми како обештетување на сменетите менаџери. Луис фелипе Сколари кога заработи отказ во 2009 година доби 12,6 милиони фунти, а Андре Вилас-Боаш во 2012 година доби 12 милиони фунти.
 
Актуелниот англиски шампион од почетокот на сезоната има забележано само две победи во првите осум рунди во Премиерлигата и со осум бодови се наоѓа на 16-то место на табелата.