ОТА од денеска со полн капацитет, ветуваат професионално работење
Оперативно техничката агенција од денеска и официјално почнува да работи со полн капацитет, инфомираа денеска на заедничка прес-конференција вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на ОТА, Зоран Ангеловски.
Министерот Спасовски информира дека контролата врз работата на Агенцијата ќе биде повеќестепена преку собраниска комисија, граѓански организации и експерти.
Според првиот директор на ОТА, Ангеловски, моделот за функционирање е оптимално решение за Република Македонија и нема да дозволи да се повторат претходните афери со прислушувањето и тн. бомби.
Тврди дека ОТА е професионална агенција, целосно независно тело. Во моментот располага со технички кадар преземени од МВР односно четири лица од Бирото за јавна безбедност и тројца од Управата за безбедност и контраразузнавање. Најави дека останатите вработени ќе бидат преку објавен конкурс.
Според него, согласно направената систематизација бројот на вработени треба да биде околу 25 лица.
Седиштето на ОТА е во Телеком поради технички причини – оптичкиот кабел, а ОТА законски ќе ја врши контролата и врз операторите.
Ново на Сител
-
СИЕПС: Приемот на нови членки ќе го промени односот на силите во ЕУ
-
Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат
-
И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ
-
Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството
-
Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула