Спорт плус
3. August 2015 - 15:01

Освои златен медал а солзите не запираа

Ким Кук Хијанг од Северна Кореја е вистински хит на СП во водени спортови во Казањ.
 
Ова 16-годишно девојче од Северна Кореја го освои златниот медал во дисциплината скокови во вода, добивајќи ги најдобрите оценки од судиите.
 
Тинејџерката Ким на победничкиот пиедестал, при интонирањето на химната стоеше во војнички став и не можеше да престане да плаче.