Осум нови пожари во Куманово
Нови осум пожари се регистрирани во поширокиот кумановкси регион соопштија денеска од ЦУК. Пожари има во Зубовце, Сопот, Четирце, Зебрњак, Лојане, Орашац, Довезенце, Бељаковце. Зафатени се куќи и објекти во Сопот и Четирце. Според ЦУК испратени се 80 припадници на Армијата, а се очекува да бидат испратени дополнителн број.
Пртеходно, командирот на противпожарната единица од Старо Нагоричане, Далибор Трајковски информираше дека пожарот накај Жељувино е распламтен од силината на ветрот.

-Ставени се сите расположливи капацитети од нашата општина, ТППЕ, вработени од јавни претпријатија и од Армијата, а помогнаа општините Велес и Кавадрци со противпожарни возила и луѓе. Очекуваме и поддршка од воздух. Во кумановско сите пожари избувнаа во рок од 30 до 45 минути. Да изразам благодарност за сите вклучени посебно за пожарникарите, вработените од претпријатијата, припадниците на Армијата, на општините Велес и Кавадраци кои преку соработка со централниот оперативен штаб помогнаа- изјави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Димитриевски повика на смиреност и повика граѓаните да соработуваат со пожарникарите.
Ново на Сител
-

Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини
-

Франција забрани социјални медиуми за лица под 15 години
-

Мицкоски на увид на инфраструктурни проекти во Општина Гази Баба
-

Фон дер Лајен: Ништо не може да го оправда едно од најмрачните поглавја во историјата на Европа - Холокаустот
-

Трамп: Царините за јужнокорејските стоки ќе се зголемат на 25 отсто
-

Македонија - нова туристичка ѕвезда во 2026 година | ВИДЕО
-

Повремен дожд и разведрување попладне
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
