Оставка на главниот епидемиолог во Британија поради љубовна афера
Епидемиологот Нил Фергусон, кој неодамна беше позитивен на Ковид-19, поднесе оставка откако ги прекршил правилата за изолација и се сретнал со својата девојка.
Британски Телеграф пренесува дека, професорот Фергусон, кој го советуваше премиерот Борис Џонсон да воведе карантински мерки и ги убедуваше граѓаните дека мора да се придржуваат кон строгите мерки за социјална изолација ѝ дозволил на својата љубовна партнерка, која инаку е во брак, да го посети во неговиот дом.
Во изјавата за оставката, водечкиот епидемиолог од лондонскиот Империјален колеџ рекол дека направил „грешка во проценката“.
„Прифаќам дека направив грешка во проценката и оти не сум во право. Затоа си поднесов оставка. Се однесував така, убеден дека сум здрав и имам имунитет. Откако се тестирав позитивно за вирусот, бев целосно изолиран скоро две недели. Длабоко жалам какво било поткопување на јасните пораки дека за да се контролира епидемијата е потребно физичко растојание. Владините упатства се недвосмислени и постојат за да нè заштитат сите нас“, изјавил Фергусон.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка