Основање локален економско-социјален совет во Ресен

Во рамки на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог финансиран од Европската унија (ЕУ), а спроведуван од Меѓународната организација на трудот (МОТ), денеска ќе се основа локален економско-социјален совет во Општина Ресен.
Целта е подобрување на трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како начин за постигнување економски развој и социјален напредок.
Проектот има сеопфатен пристап и треба да обезбеди техничка поддршка на институциите и учесниците во процесот на социјален дијалог преку три меѓусебно поврзани компоненти. Тоа се зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво, поттикнување на колективното договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор и воспооставување механизам за мирно решавање работни спорови.
Во рамки на првата компонента, проектот го поддржува основањето на шест локални економско-социјални совети (ЛЕСС), преку иницирање и поддршка на преговори помеѓу општините, синдикатите и работодавачите, потпишување спогодба за основање на ЛЕСС и опремување на секретаријатите на ЛЕСС со мебел и компјутерска опрема.
Како што е најавено, денеска во Велес ќе се потпишува спогодбата за основање локален економско-социјален совет во Општина Ресен. ЛЕСС ќе има консултативно-советодавна функција, ќе разгледува прашања и ќе дава мислења, предлози и препораки до Советот на Општината и други органи за одредени прашања од економско-социјалната сфера.
Потписници на спогодбата ќе бидат градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, в.д. претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски и претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.
Во ЛЕСС Ресен ќе партиципираат и претставници од Центарот за вработување на Општина Ресен, средното училиште во Општина Ресен, како и од невладините организации и здруженија на граѓани.
Ново на Сител
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
-

Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
-

37-годишник во угостителски објект во Крива Паланка нападнал членови на музичка група и оштетил музичка опрема
-

Кривична за двајца полицајци кои употребувајќи прекумерна сила го повредиле лицето кое го апселе
